Министерството за економија подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.
Како главна причина за измените се наведуваат непостоењето системски приод во обезбедувањето податоци за женската економска активност, нивна обработка и публикација од страна на надлежните институции (Централниот регистар и Државниот завод за статистика), како и неусогласеноста со Законот за заштита на личните податоци.
Во најавата за законските измени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека главна цел на измените е воведување родово разделена статистика на деловните субјекти, врз основа на која од страна на надлежните институции ќе бидат прикажани и објавени потребните податоци за економската активност на припадничките на женскиот пол, а за да можат да се креираат ефективни мерки.
Дополнително се најавува зајакнување на заштитата на личните податоци преку утврдување на надлежноста на Централниот регистар.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...