text size
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје има искажани, но неплатени обврски кон државниот буџет за повеќе години, во износ од 185,54 милиони денари, или околу три милиони евра за надоместоци за користење и испуштање во води, се посочува во Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од извршената ревизија на финансиските извештаи на скопски „Водовод“ за 2021 година.