Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
Тоа, посочи Бислимоски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата.
„Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку поради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Цената на електричната енергија осум месеци е пониска дури и од цената по 24 часот“, рече Бислимоски.