text size
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Македонската берза, заедно со извршниот директор Иван Штериев, симболично, со заѕвонување на ѕвоното, го означи почетокот на тргувањето со граѓанската обврзница. Првата емисија на граѓанска обврзница беше издадена во текот на месецов, при што на аукцијата одржана на 13 јули беа запишани вкупно 1.448.030.000 денари.