text size
Владата денеска ги презентираше придобивките за македонските земјоделци од ИПАРД 3 програмата која тежи 97 милиони евра, што е за 62 проценти повеќе отколку претходната ИПАРД 2 програма. Во првиот повик од новата програма кој беше објавен денеска, а ќе трае до први ноември годинава на располагање се 30 милиони евра. Тие се наменети за изградба на фарми, оранжерии, објекти и опрема за преработка, собирање, ладење, сушење, потоа за подигнување насади, инсталирање на систем „капка по капка“ и друга современа инфраструктура за земјоделски стопанства.