text size
Општините Тетово, Виница и Желино, се трите локални самоуправи кои на нивно барање, а со поддршка од централната власт ќе ги намируваат доспеаните обврски и со тоа ќе ги зајакнат своите финансиски капацитети. Денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалниците Билал Касами, Миле Петков и Блерим Сејдиу ги потпишаа договорите за користење на структурните обврзници издадени од Министерството за финансии за овие три општини.