text size
Прехранбените производи и некои од пијалаците што имаат ознака „гарантирана цена“ ќе се продаваат по истите цени до крајот на годината наместо до крајот на ноември, а на трговците повторно ќе им биде дозволено да организираат акциска продажба и на прехранбени производи. Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево извести дека Владата на денешната седница го продолжила рокот за намалените гарантирани цени за еден месец.