text size
Вкупните вложувања на граѓаните во животно осигурување минатата година надминаа 2 милијарди денари (32,5 милиони евра). Ова е рекордно односно највисоко годишно ниво на вложувања во животно осигурување од востановувањето на пазар за животно осигурување во 2005 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).