text size
Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан спречиле обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила цистерни. Против сторителите се поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство, соопштуваат од Царинската управа.