text size
Невозможно е да се случи во следниот период да има намалување на цената на недвижностите, изјави Ивица Јакимовски, претседател на градежната комора при гостувањето во Блумберг Адриа ТВ. Затоа, вели сега е вистинско време да се купи недвижност. Јакимовски додава дека во изминатите две години, поскапувањето на градежните материјали и на градежната услуга директно влијаеле на конечната цена на недвижностите, но тврди дека сега има извесна стабилизација.