text size
Бојан Србиноски, професор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ смета дека одлучните чекори кои ги превземаат централните банки преку зголемување на каматните стапки ќе влијаат во насока на смирување на инфлацијата. Според него, цената која што ќе треба да се плати за ваквите чекори е намалената економска активност.