text size
На крајот на јуни 2022 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3,11 милијарди евра, што е намалување за 914 милиони евра во однос на истиот месец, минатата година кога резервите биле над четири милијарди евра. Новите податоци на Народната банка откриваат дека падот на резервите што почна минатата година континуирано продолжува и годинава.