text size
Унгарската авио-компанија „Визер“ (Wizz Air) ги повика патниците денеска да пристигнат на аеродром најмалку три часа пред нивниот лет бидејќи се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот проблем на глобалните ИТ системи. Како што информираа од компанијата, може да има прекини низ мрежата бидејќи услугите на веб-страната и мобилните апликации привремено се недостапни.