text size
Државниот завод за ревизија утврдил дека постои голема неизвесност во однос на преземената обврски од последниот анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, што би можело да доведе до повторно пролонгирање на рокот за изградба. Оттаму потенцират дека станува збор за градба на aвтопат во должина од 57 км по застарени проекти кои не ја отсликуваат реалната состојба на терен, кои не се изработени од проектанти со меѓународно искуство.