text size
Владата ја објави листата на прехранбени производи од таканаречената есенска кошница за кои бруто профитната маржа привремено ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало. Станува збор за 73 производи коишто во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи ќе стапи на сила по објавувањето во Службен весник, а ќе се применува до 31 октомври годинава.