text size
Ако влеземе во спирала на се поголемо поскапување на цената на енергијата и на суровините, лебот и понатаму ќе поскапува, изјави при гостувањето во телевизија Bloomberg Adria, Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комора при Сојузот на стопански комори. Тој е сопственик на пекарницата „Специјал“ и тврди дека во последниот период поскапувањето се должи исклучиво на зголемените трошоци за суровини и за прескапата енергија.