Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром во Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје-Женева и Скопје-Париз (аеродром „Орли“).
Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат по барање на дијаспората, а со нив ќе оперира авиокомпанијата „Изиџет“ (easyJet), со тоа што линијата Скопје-Париз ќе започне да функционира од 2 април, додека линијата Скопје-Женева од 3 ноември годинава.
Двете авиолинии се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување нови дестинации.
Прочитај повеќе
Скопје се поврзува со Амстердам - летовите почнуваат од март
Ова ќе биде прво поврзување на скопскиот со аеродромот „Шипхол“ по 2008 година.
23.12.2024
Почна продажбата на билети за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт
Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска.
17.12.2024
„Изиџет“ се враќа во Македонија со лет од Скопје до Париз
Со новата услуга буџетската авиокомпанија ќе се врати во Скопје по прекинот на операциите од Женева.
04.12.2024
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година.
25.10.2024
„Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е сѐ уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании што ги исполнуваат критериумите предвидени со повикот“, се додава во соопштението на ресорното министерство.
Со овие две нови линии се зголемува бројката на новововедени дестинации. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите: Охрид-Истанбул, Охрид-Базел Мулхаус, Скопје-Дубаи, Скопје-Штутгарт, Скопје-Лион, Скопје-Барселона и за нив се овозможува финансиска поддршка по принципот на патник во доаѓање.