Турската компанија „Контек контрол“ (Kontek Kontrol Teknolojileri ve Otomasyon) бара одобрение од Комисијата за заштита конкуренцијата (КЗК) за стекнување на 85 проценти од сопственоста во македонската компанија „Аси трејд-М“, која развива соларна електрана во Македонија.
Турската компанија во својата матична држава делува во повеќе сегменти од енергетскиот сектор со цел обезбедување на енергетска ефикасност, врши изградба по принцип „клуч на рака“ на електрични системи и системи за автоматизација во електрични постројки и развива проекти за изградба на соларни централи од обновливи извори. На меѓународниот пазар, компанијата учествувала во различни проекти како во Грузија, Бугарија, Северен Кипар, Либија, Шпанија и Египет.
Македонската компанија „Аси трејд-М“ е со основна дејност производство на електрична енергија. Таа развива соларен/фотоволтаичен проект во с. Тоолово Општина Пробиштип со номинална моќност од 111МWP.
Прочитај повеќе

Почна со работа втората голема соларна електроцентрала на ГЕН-И во земјава
Инсталирани се 17.612 фотоволтаични модули, со годишно производство од 15.500 мегавати чиста енергија.
07.10.2024

Американски „Фрст солар“ со 32 отсто поголеми приходи, но и преполовени акции
„Фрст солар“ во четвртиот квартал од 2024 година оствари за 32 отсто поголеми приходи од продажба во споредба со истиот период претходната година.
27.02.2025
„Овој проект е во фаза на развој односно изградба на соларна централа и во најблизок можен период се очекува да започне со производство и продажба на електрична енергија“, се наведува во соопштението од КЗК.
Од Комисијата ги повикуваат заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација.