text size
Во период кога цените на станбените површини во Скопје уриваат рекорди и кога квадрат во центарот на градот достигнува и до 2.000 евра, се зголемува бројот на граѓани кои размислуваат за купување куќи во некои од елитните населби или предградија. Од друга страна, во огласите за недвижности се зголемува понудата на луксузни куќи и резиденции чии цени се движат од 500.000 евра до над 1.000.000 евра.