text size
Потребата за поголем пристап до финансии особено доаѓа до израз во услови на макроекономски и геополитички превирања, коишто во глобални рамки повеќе ги погодуваат жените, младите, другите ранливи групи, микро и малите претпријатија и руралните заедници. Најновото истражување на Светската банка „Финдекс“ покажува дека во глобални рамки, вклучително и кај нас, пристапот до финансии е олеснет. Овие прашања беа дел од светскиот форум на Алијансата за финансиска вклученост, којшто се одржа во Јордан.