text size
Постои една поговорка која можеби подобро од која било друга ја опишува стратегијата на Кина во меѓународните односи: тивка вода, брег рони. Токму така Кина ја градеше својата позиција во светот со децении. Без грандиозни најави, без потреба да ги убедува другите земји да го прифатат нејзиниот политички систем и без да се обидува да стане воен гарант на секој дел од светот, Пекинг постепено го изгради она што сега се покажува како една од најголемите промени во меѓународните односи. Успехот на Кина не се случи преку ноќ, ниту е резултат на неколку потези на Шји Џјинпинг.