text size
По вчерашната очекувана одлука на Фед, ЕЦБ продолжи со истиот тон. Ова во моментов дополнително ги турка берзите нагоре, а приносите на обврзниците надолу, со оглед на очекувањата дека ќе има пад на каматните стапки во наредната година, но и забавување на растот на инфлацијата, што веќе се случува.