text size
На финансиските пазари постои момент што речиси секогаш го концентрира вниманието на инвеститорите - првиот ден на тргување, односно иницијалната јавна понуда (ИПО). Токму тогаш пазарот првпат активно ја одредува цената на компанијата, а разликата меѓу ИПО-цената и цената на затворање не зборува само за евалуацијата туку многу повеќе за односот меѓу понудата и побарувачката, ликвидноста и, можеби најважно, сентиментот.