text size
Купи. Ова е препораката за акциите на „Енвидија“ (Nvidia) на речиси 80 проценти од аналитичарите кои даваат свои мислење на терминалот на „Блумберг“. Всушност од вкупно 82 аналитичари од различни финансиски институции, банки и други компании кои ја следат оваа акција, само еден има препорака „продавај“. При тоа треба да се напомене дека значителен дел од препораките се дадени по избивањето на скандалот со првиот човек на „Енвидија“, Џенсен Хуанг.
Акциите во слободен пад
„Блумберг“ објави дека акциите на „Енвидија“ се паднати за повеќе од 10 проценти од 8 ноември, кога Џенсен Хуанг откри дека имал љубовна врска со жена за која постои сомневање дека е кинески шпион. Оттогаш, тој е обвинет и за други вонбрачни афери, вклучително и една со жена која му била директно подредена. Управниот одбор на компанијата го разреши во четвртокот, а на негово место, како привремено решение, ја постави главната финансиска директорка Колет Крес.
Прочитај повеќе
„Енвидија“ ја засилува контролата по новите ограничувањата за извоз на чипови во Кина
„Енвидија“ формираше нов комитет задолжен за надзор на прашањата поврзани со националната безбедност и извозните контроли, откако американската влада презеде чекори за да го ограничи пристапот на Кина до моќните чипови на компанијата.
пред 18 часа
Сорос е меѓу инвеститорите што продаваа акции на „Енвидија“ пред оставката на Хуанг
Со продажбата на акциите, Сорос обезбеди профит непосредно пред драматичното заминување на Џенсен Хуанг од лидерската позиција на славниот производител на чипови.
пред 21 час
И Трамп е за тоа Хуанг да се врати на чело на „Енвидија“
Претседателот Доналд Трамп ги поддржа повиците за враќање на Џенсен Хуанг на позицијата главен извршен директор на „Енвидија“.
16.11.2026
„Енвидија“ заслужна за половина од растот на Израел
Израелската економија забележа раст од осум отсто (на годишно ниво, сезонски прилагодено) во трите месеци заклучно со септември, надминувајќи ја медијаната од 5,7 отсто предвидена од осум економисти анкетирани од „Блумберг“.
16.11.2026
Падот на Хуанг покажа дека и најголемите ВИ играчи не се недопирливи
По години големи ветувања, пазарна еуфорија и шпекулации, индустријата за вештачка интелигенција влегува во период во кој и најголемите компании ќе мора да преземат поголема одговорност за своето работење.
16.11.2026
Акциите беа под притисок уште пред да излезе веста за Хуанг, бидејќи инвеститорите се сè позагрижени поради билионите долари што се трошат на инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ). Како производител на чипови кој е во срцето на овој развој, „Енвидија“е еден од главните корисници на тие огромни инвестиции. Во октомври, вредноста на акциите падна за 10 проценти, што беше најлошиот месец за компанијата во речиси една година, а од достигнувањето на највисоката вредност на 6 октомври, акциите паднаа за 35 проценти, при што во тој период беа избришани два билиони долари од пазарната вредност.
Акциите на „Енвидија“ во моментов изгледаат евтино со тоа што се тргуваат по цена што е помала од 11 пати од проценетата заработка за следните 12 месеци, што претставува најнизок мултипликатор уште од 2013 година. Со тоа, тие се втората најевтина акција во рамките на Индексот за полупроводници на Берзата во Филаделфија, веднаш по „Мајкрон Технолоџи“ (Micron Technology Inc).
Некои инвеститори веќе заработуваат милијарди од падот
Падот на „Енвидија“ поттикна десетици милијарди долари добивка за таканаречените шорт- продавачи, информира „Блумберг“. Според податоците на „С3 Партнерс“, трговците кои се обложуваат против акциите на производителот на чипови оствариле проценети 24 милијарди долари профит. Од друга страна, некои инвеститори веќе влегуваат за да го купат падот. Според податоците на „Ванда“ (Vanda), фирма за пазарни податоци и истражувања, индивидуалните инвеститори купиле акции на „Енвидија“ во рекордна вредност од 2 милијарди долари за време на распродажбата минатата недела.
„‚Енвидија‘ премина од миленик на пазарот во отфрлен играч, а токму таа промена на статусот ја прави интересна во овој момент“, изјави за „Блумберг“, Дејв Маза, главен извршен директор во „Раундхил Фајненшл“ (Roundhill Financial). „Песимистичките коментари се гласни, но индивидуалните инвеститори влегуваат на пазарот, а акциите се тргуваат по атрактивни вреднувања во секое сценарио, освен во најлошото можно. Ова е ситуација во која треба да се купува кога владее страв, а не да се продава врз основа на вестите.“
Предности и кочници
Аналитичарите на „Велс Фарго“ очекуваат „Енвидија“ да испорача солиден раст во третиот квартал од фискалната 2027 година, но што е поважно, да ја обезбеди многу потребната доверба во издржливоста на инвестицискиот циклус на вештачка интелигенција. Во „Фелс Фарго“ сметаат дека акцијата на компанијата ќе ги надмине просечните перформанси на секторот и во основното сценарио превидуваат целна цена за акцијата од 300 долари.
„Нашата оценка за ‚овервејт‘ (оverweight) се базира на нашиот позитивен став за конкурентското позиционирање на ‚Енвидија‘ во графичките процесори за игри и проширувањето на можностите за раст во центрите за податоци, ХПЦ (HPC) и новите можности за вештачка интелигенција (автономни возила, здравствена заштита, роботика, итн.). Гледаме одржливост во диференцијацијата на софтверската платформа КУДА (CUDA) на ‚Енвидија‘, како и во постојаното продлабочување на можностите за системски софтвер на компанијата. Ја гледаме ‚Енвидија‘“, напишаа во белешка аналитичарите на „Велс Фарго“, вклучувајќи ги Џо Кватрочи, Мајкл Цветанов, Тревис Пулин и Ричард Стрифлер.
Кунаџан Собхани и Оскар Хернандез Техеда од „Блумберг интелиџенс“ од друга страна сметаат новите барања за лиценцирање на САД за напредни ВИ-чипови во Сингапур, Малезија, Тајланд, Индонезија и Бразил се закануваат да ги одложат дополнувањата на капацитетот на „Енвидија“, да ги зголемат трошоците за усогласување и да ја намалат побарувачката поврзана со ограничените крајни корисници.
„Ограничената понуда може да се пренасочи кон одобрени клиенти или региони, ограничувајќи ја евентуалната загуба, но не е веројатно дека сите засегнати продажби ќе бидат заменети во истиот период. Затоа, правилото додава ризик од признавање на приходите и проценка, при што големината зависи од неоткриената изложеност на ‚Енвидија‘ на прекуокеанските пресметки поврзани со Кина“, напишаа неделава двајцата аналитичари во белешка објавена на терминалот на „Блумберг“.