text size
Јапонските акции ја продолжија својата победничка серија, бидејќи подобриот од очекувањата економски раст поттикна оптимизам за изгледите на пазарот. Индексот Topix напредува четврти ден, откако вчера се затвори на највисоко ниво од 1990 година. Тамошната влада денеска соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) се проширил со најбрзо темпо во три квартали, бидејќи дополнителното олеснување на регулативите за пандемијата ја зголемило потрошувачката.