Криптобосот Машински оди 12 години во затвор поради измама
Алекс Машински, основачот на криптозаемодавецот „Целзиус“, е осуден на 12 години затвор за измама на стотици илјади клиенти.
пред 2 дена
25 мај 2023, 10:51
Станува збор за 8.000 општински обврзници со номинална вредност од 500 евра
Вкупната номинална вредност е 4.000.000 евра
Првиот обид за издавање обврзници пропадна откако Владата не даде зелено светло
Depositphotos
Комисијата за хартии од вредност на последната седница донесе решение со кое на Општина Штип и даде одобрение да издаде прва емисија на 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра по пат на јавна понуда.
Првата исплата на главницата и на каматата треба започне по истекот на 12 месеци и ќе се исплати во седум еднакви годишни рати од датумот на регистрирање на обврзниците во Централниот депозитар за хартии од вредност.
Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75 проценти. Емисијата на општински обврзници на Општина Штип се врши заради прибирање на средства за финансирање на проектот „Заеднички активности за локален економски развој“. Понудата се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60 проценти од понудените обврзници.
КХВ ја одобрила оваа емисија, откако Општина Штип добила согласност од Министерството за финансии за нејзино задолжување, а постапката на запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе започне откако во сила ќе влезе одлуката на Владата со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот.
Ова е втор пат Комисијата да даде одобрение Општина Штип да издаде обврзници. Првиот обид за издавање обврзници минатата година пропадна откако Владата два пати го одлагаше изјаснувањето по ова прашање, а потоа тоа беше тргнато од дневниот ред на владините седници.