text size
Европските акциски фондови 16-та недела по ред трпат одлив на инвестиции, со што вкупните повлекувања достигнаа 27 милијарди долари од почетокот на годината до денес, објавија стратезите на „Бенк од Америка“ (Bank of America Corp.), цитирајќи ги податоците на „ЕПФР Глобал“ (EPFR Global). Само во изминатата недела Европа имаше најголем одлив меѓу главните региони со егзодус од 4,6 милијарди долари.