text size
Имавме исклучително исполнета недела на берзите. Во понеделникот финансиските пазари беа зафатени од технолошка бура предизвикана од кинескиот стартап „Дипсик“ (DeepSeek). „Падот во понеделникот беше резултат на ’Дипсик’, ЛЛМ-моделот што беше објавен пред околу два месеца“, објаснува аналитичарот на „Сензал капитал“ Михаило Ѓурѓевиќ. Пред нешто повеќе од една недела „Дипсик“ објави нов модел што го надминува „Опен еј-ај“ (OpenAI) во голем број метрики.