text size
Компанијата „Енвидија“ (Nvidia) денес по затворањето на берзите ќе ги објави деловните резултати за првото фискално тримесечје – една од најочекуваните објави сезонава. Според „Блумберг“, акциите на „Енвидија“ – компанија со пазарна капитализација поголема од 3.200 милијарди долари – инвеститорите често ги гледаат како водечки индикатор за побарувачката за вештачка интелигенција.