text size
Вештачката интелигенција во блиска иднина лесно може да ја намали работата на софтверските компании, но за тоа и понатаму ќе и биде неопходен хардвер. Веројатно вака во една реченица може да се опишат причините за тектонските поместувања на берзите каде што деновиве инвеститорите буквално бегаат од акциите на повеќе софтверски компании. Двигател на овој тренд е мислењето дека вештачката интелигенција веќе покажува заби односно дека многу брзо ќе го загрози „софтверот како услуга“ (SaaS). Од друга страна, тоа нема да оди толку лесно кога е во прашање хардверската индустрија, без која вештачката интелигенција воопшто не би можела да функционира и во која на стартапите им треба многу повеќе време да се пробијат на пазарот поради потребните инвестиции, синџирите на снабдување и регулаторните барања.