text size
Биткоинот деновиве е во надолен тренд и се движи близу најниските нивоа во последните неколку години, во услови на пошироко повлекување на инвеститорите од оваа ризична актива. Дополнителна вознемиреност на пазарот предизвика и одлуката на „Стратеџи“ (Strategy Inc.), најголемиот корпоративен сопственик на биткоини, да продаде дел од своите резерви, отворајќи прашања за одржливоста на моделот врз кој коосновачот и извршен претседател Мајкл Сејлор со години го гради своето работење.