text size
Холандската централна банка ја казни криптоберзата „Коинбејс“ (Coinbase) за обезбедување услуги за дигитални средства во земјата пред нејзината локална регистрација во септември. Централната банка во четвртокот соопшти дека ѝ изрекува административна казна од 3,33 милиони евра (3,63 милиони долари) на „Коинбејс Европа“ (Coinbase Europe Ltd) поради работење во земјата без да се регистрира кај монетарната власт. „Коинбејс“ ја доби својата регистрација во Холандија на 22 септември.