text size
По големиот интерес и возбудата што ја предизвика биткоин ЕТФ-фондот (анг. exchange-traded fund - берзански фонд) во Соединетите Американски Држави (САД), Европа исто така го очекува својот прв фонд од овој тип наменет за следење на криптосредствата. Во основа, ЕТФ е фонд со кој се тргува на берза, а кој следи различни видови средства, од акции и валути до стоки, или во овој случај криптовалути.