text size
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија донела решение со кое на Општина Штип и даде одобрение за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда. Ова е прва емисија на општински обврзници на домашниот пазар на капитал, со која се збогатува понудата на финансиски инструменти кај нас.