text size
„Морган Стенли“ (Morgan Stanley) казни некои од своите банкари по повеќе од еден милион долари за водење бизнис на Ватсап и други платформи за пораки, што е најнов резултат од истрагата во индустријата во која американските регулатори наметнаа рекордни казни за пропусти во следењето. Средствата се одземени од претходните бонуси или ќе бидат одземени од идните плати, информира лице запознаено со ова прашање, кое побара да остане анонимно бидејќи информациите не се објавени во јавноста.