Криптобосот Машински оди 12 години во затвор поради измама
Алекс Машински, основачот на криптозаемодавецот „Целзиус“, е осуден на 12 години затвор за измама на стотици илјади клиенти.
пред 1 ден
6 март 2023, 17:35
Се задолживме преку еврообврзница вредна 500 милиони евра
Рокот на отплата е четири години, каматата е 7,25 проценти, а купонската камата 6,96 проценти
Грешката при издавањето на еврообврзницата во февруари која имаше камата од 6,5 проценти чини пари
Bloomberg
Македонија денеска издаде четиригодишна еврообврзница во износ од 500 милиони евра со камата од 7,25 проценти. Вториот обид на Македонија годинава да се задолжи преку издавање обврзница чини поскапо со оглед на тоа што за еврообврзницата што беше издадена минатиот месец, а потоа откажана поради техничка пречка, каматата изнесуваше 6,5 проценти.
Министерството за финансии соопшти дека денешната аукција за издавање на деветтата еврообврзница поминала успешно, со четири пати повисок интерес од инвеститорите во однос на понудата.
„Преку аукцијата се обезбедија 500 милиони евра по купонска камата од 6,96 проценти, додека дополнително 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската Комисија по каматна стапка од приближно 3 проценти. Ова значи дека рефинансирањето на еврообврзницата од 2016 година и другите отплати на претходни задолжувања, кои достасуваат и за кои беа наменети овие средства, ќе се изврши според исти каматни трошоци постигнати со претходната аукција“, велат од Министерството.
Оттаму додваат дека интересот на инвеститорите за деветата еврообврзница бил над две милијарди евра или за половина милијарда евра повисок во однос на првата аукција.
„Остатокот од средствата планиран за буџетските потреби за 2023 година се обезбедува преку поволни заеми од меѓународни финансиски институции, односно Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и др., со пониска камата, кои во исто време ќе бидат поддршка за политиките кои се спроведуваат, а кои на среден и долг рок ќе придонесат за поголем раст“, велат од Министерството.
Инвеститори од меѓународни инвестициски куќи ја поздравија грешката на Владата со оглед на тоа што им овозможила поголема заработка за ист ризик.
„Тие можеа да го имаат совршениот тајминг, но не го искористија тоа“, рече Виктор Сабо, кој го надгледува портфолиото на обврзници на пазарите во развој во Abrdn Plc.
„Земјата мора малку да ја поврати репутацијата за да ја врати довербата на инвеститорите“, вели Луц Роемајер, главен инвестициски директор во Capitulum Asset Management GmbH, кој наддаваше за обврзницата во февруари и го прави тоа повторно.
„Ви благодарам што сега ми плаќате подобро за истиот ризик за земјата“, вели тој.
Со помош на Maciej Onoszko