Криптобосот Машински оди 12 години во затвор поради измама
Алекс Машински, основачот на криптозаемодавецот „Целзиус“, е осуден на 12 години затвор за измама на стотици илјади клиенти.
пред 1 ден
14 јануари 2023, 12:00
И покрај моменталната поволна состојба, Катар предупредува на долга нестабилност на пазарот на гас
Катар е во трка со САД за лидерското место како најголем извозник за течен природен гас
Оваа земја веќе склучи долгогодишни договори за снабдување со течен природен гас со повеќе земји
Bloomberg Mercury
Пазарите на природен гас може повторно да се соочат со потреси во следните неколку години ,бидејќи сè уште има премала понуда за да се задоволи зголемената побарувачка, смета министерот за енергетика на Катар.
„Ситуацијата ќе биде нестабилна уште некое време. Ние носиме многу гас на пазарот, но тоа не е доволно“, рече Саад ал-Каби на конференцијата на Атлантскиот совет во Абу Даби.
Според него, следната зима може да биде тешка за потрошувачите на гас на северната хемисфера, бидејќи тие веројатно ќе се борат да ги дополнат своите складишта со резерви во отсуство на протокот од Русија.
Цените на гасот пораснаа откако Русија ја нападна Украина минатиот февруари и Москва го прекина снабдувањето преку гасоводите за Европа. Цените паднаа од средината на 2022 година, бидејќи економиите забавија, но и благодарение на Европа, која го зголеми увозот на течен природен гас, вклучувајќи и од Катар. Во тоа помогна и потоплата зима во Европа.
И натаму високи цени
Но цените и натаму остануваат далеку над историските просеци и би можеле повторно да скокнат доколку економското отворање на Кина доведе до зголемено купување гас. Европа, исто така, можеби ќе мора да ги дополни своите резерви во текот на летото, во услови на премали испораки од Русија, како нејзин најголем снабдувач пред војната во Украина. „Високите цени се на штета на потрошувачите“, рече Ал-Каби.
„Најголемиот предизвик со кој се соочуваме како производители е уништувањето на побарувачката, а постои уништување на побарувачката и за гас и за нафта“, рече тој.
Катар, кој се натпреварува со САД како најголем светски извозник на течен природен гас, инвестира околу 45 милијарди долари за да го зголеми своето производство за речиси 60 проценти. Но тој проект нема да биде завршен до 2027 година. Според долгорочниот договор, Катар ќе ја снабдува Германија со течен природен гас. Ал-Каби рече дека Катар оваа година ќе потпише повеќе договори со потрошувачите за новиот гас. „Во ноември земјата склучи повеќегодишни договори за снабдување на Германија и Кина. Катар ќе потпише и таканаречени договори за повлекување на своите средства за течен природен гас во САД во 2023 година“, рече тој. Земјата од Персискиот Залив поседува 70 отсто од извозниот терминал „Голден пас“ (Golden Pass) во „Сабин пас“ (Sabine Pass) во Тексас.