Пазари

Биткоинот скокна највисоко во две недели поради добрите вести за долгот на САД

Извор: Sunil Jagtiani/Bloomberg

29 мај 2023, 10:49

Биткоинот утрово додаде дури 3,2 отсто на својата вредност и се тргува по цена од 28.182 долара

Помалите токени, од етер до бајнанс коин, исто така објавија добивки

Биткоинот е во петдневна серија на добивки, што е најдобра низа од март

Bloomberg Mercury

Биткоинот се искачи на највисокото ниво во повеќе од две недели поради зајакнувањето на расположението на инвеститорите поттикнато од договорот за зголемување на лимитот на американскиот долг.

Најголемиот дигитален токен, биткоинот, утрово додаде дури 3,2 процента на својата вредност и се тргува по цена од 28.182 долара, отскокнувајќи со тоа од својот околу 50-дневен подвижен просек. Помалите токени, од етер до бајнанс коин, исто така објавија добивки.

BloombergAdria.com

Договорот за ограничување на долгот меѓу претседателот Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, го поттикна апетитот за ризик на глобалните пазари. Но договорот сè уште треба брзо да се одобри од Конгресот за да се избегне неплаќање од САД.

Неодамнешниот скок на приносите на државните обврзници и облозите за дополнително затегнување на монетарната политика на САД се други потенцијални спротивставени ветрови.

„Позитивното расположение за ризик утринава директно е поврзано со решавањето на ќор-сокакот во врска со плафонот на американскиот долг“, рече Џон Торо, раководител за тргување во берзата за дигитални средства „Индепендент рисрв“ (Independent Reserve).

Биткоинот е во петдневна серија на добивки, што е најдобра низа од март, ублажувајќи го кварталот полн со предизвици поради лошата ликвидност и репресијата на САД.

BloombergAdria.com

Криптопазарите делумно се вратија во 2023 година од неуспехот минатата година, што доведе до удари како што беше колапсот на берзата ФТХ (FTX). Но и натаму се далеку од рекордната вредност, вклучувајќи го и највисокото ниво на биткоинот на сите времиња од речиси 69.000 долари во 2021 година.

„Можно е олеснувањето по договорот за долгот да ги врати трговците на маса и да предизвика голем раст на цената на биткоинот“, рече Томи Хонан, раководител за анализи на пазарот во криптоберзата „Свифтикс“ (Swyftx).