text size
Државниот завод за статистика пресмета раст од 29,7 проценти на откупот и продажбата на земјоделските производи во вториот квартал, споредено со истиот период лани. Во второто тримесечје се продадени земјоделски производи во вкупна вредност од 54,8 милиони евра, што е за 12,6 милиони евра повеќе од истиот период лани.