text size
Златото се тргуваше на најниско ниво во последните три недели откако надлежните од Федералните резерви (ФЕД) ја потврдија одлуката за зголемување на каматните стапки, со цел да се заузда инфлацијата. Претседателот на филијалата на ФЕД во Ричмонд, Томас Барклин, во петокот изјави дека централната банка е решена да ја врати инфлацијата на посакуваното ниво од 2 отсто, па дури и тоа да значи ризик од рецесија во САД.