Експлозија на гас во рудник за јаглен во кинеската покраина Шанси однесе најмалку 90 животи, во најсмртоносната ваква несреќа во земјата од 2009 година, по што претседателот Шји Џјинпинг повика на национални напори за спречување големи индустриски несреќи.
Експлозијата доцна во петокот во градот Чангџи е под истрага, објави Кинеската централна телевизија.
Шји повика да се извлечат поуки од несреќата и побара построги проверки на ризиците и контрола на опасностите, како и зголемена претпазливост во сезоната на поплави. Премиерот Ли Чијанг ги повтори овие насоки, повикувајќи на транспарентно објавување информации и построго спроведување на безбедносните обврски во клучните сектори, објави новинската агенција „Шјинхуа“.
Прочитај повеќе
Каталонија го запре железничкиот сообраќај - расте загриженоста за безбедноста на шпанската железница
Железничките прекини во Каталонија продолжуваат и по викендот, откако несреќите во Барселона и во Андалузија ги зголемија стравувањата за безбедноста на шпанската железница.
26.01.2026
Најмалку 40 загинати и над 100 повредени во пожарот во Швајцарија
Швајцарската полиција соопшти дека околу 40 лица загинале, а 115 се повредени откако избувнал пожар во бар во скијачкиот ресорт Кран-Монтана за време на новогодишните прослави.
02.01.2026
Над 200 жртви во авионската несреќа во Индија, уште се трага по преживеани
И натаму се трага по преживеани на летот на кој се превезувале вкупно 242 патници и членови на екипажот
12.06.2025
Над 1.000 жртви по земјотресот во Мјанмар, се стравува дека бројот ќе биде неколкукратно поголем
Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002 лица, додека 2376 се повредени.
29.03.2025
Последната несреќа во рудник за јаглен со поголем број жртви беше експлозијата во 2009 година во Хеилонгџјанг, кога загинаа 108 лица.
Јагленот и натаму е клучен извор на енергија во Кина, бидејќи ја снабдува индустријата и производството на струја, а земјата засега нема доволно брзи алтернативи за замена.
Построгите проверки во Шанси, најголемиот кинески регион за јаглен, би можеле привремено да го намалат производството и понудата, што може да ги зголеми цените. Според кинеските правила, несреќите со повеќе од 30 загинати се сметаат за исклучително тешки, затоа и последнава претставува највисок степен на класификација.