text size
На централниот плоштад во Загреб е во тек граѓански протест поради нелегалното одлагање отпад во Лика и на други локации. Граѓаните протестираат за да им дадат поддршка на жителите на Госпиќ, Лика, но и на други места низ Хрватска каде што отпадот нелегално се одлага.
Организатор на протестот, кој се одржува под мотото „Чекори за Лика, чекори за Хрватска“, е граѓанската иницијатива „Госпиќ е нашиот дом“. Протестот претставува кулминација на незадоволството на граѓаните поради десетици илјади тони отпад што нелегално биле депонирани во Госпиќ.
Локациите со отпад првпат беа откриени во февруари 2025 година, по што беше покрената официјална истрага. Поширок бран незадоволство следуваше летово, откако Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) објави вештачење со кое беше потврдено дека на локацијата во Госпиќ бил одлаган и опасен отпад.
Прочитај повеќе
Нови правила за амбалажата и отпадот од неа во ЕУ - што треба да знаат македонските извозници
Суштината на новата регулатива е да го промени начинот на кој во Унијата се дизајнира, произведува, употребува, повторно употребува и рециклира амбалажата.
03.09.2026
Што ќе им правиме: Отпадот од соларните панели вреди милијарди
Соларните панели се проектирани да функционираат меѓу 25 и 30 години, што значи дека некои од нив уште сега треба да почнат да се демонтираат за да бидат повлечени од употреба.
21.08.2026
Според проценките на Геотехничкиот факултет од Вараждин, кој го изработи вештачењето, станува збор за околу 37.000 тони различен отпад што со години бил носен на локацијата на поранешниот ППК „Велебит“.
Пред протестот, граѓанската иницијатива „Госпиќ е нашиот дом“ до Владата упатила седум барања, меѓу кои и итно отстранување на отпадот, долгорочен мониторинг и независна проценка на ризиците за граѓаните и животната средина. На протестот се придружија и други здруженија и граѓански иницијативи.