text size
Од ноќеска на полноќ литар дизел ќе се продава за три денари поскапо, а бенизните за денар и половина. Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот ќе се искачи на рекордни 107,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС 95 на 111,50, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50 денари за литар.
Цената на горивата урива рекорди од почетокот на овој месец кога данокот на додадена врендост се врати на нивото од 18 отсто, наместо 10 колку што изнесуваше за време на вежењето на антикринзите мерки на Владата во текот на април и мај.
На последниот ден на мај, дизлот чинише 86 денари за литар и досега е поскапен за 21,5 денари. Бензините на 31 мај се продаваа по цена од 95 и 97 денари за литар. Со денешното зголемување, цената на бензините од утре ќе биде за 16,5 денари повисока.