text size
Цените на роаминг-тарифите за пренос на податоци меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Европската комисија објави дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона врз основа на Декларацијата за роаминг потпишана на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа во декември во Тирана.