text size
Цените на гасот во средата скокнаа за 40 отсто, вчера се намалија и се стабилизираа. Претходно, Е.ОН СЕ (E.ON SE), една од најголемите европски енергетски компании, предупреди дека постои ризик и за цените на струјата во текот на постудените месеци. Цената на храната оди нагоре, предупреди Организацијата за храна и земјоделство минатата недела, а сега и оризот поскапе за 15 отсто, што ќе биде силен удар за најсиромашните. Во исто време, САД бележат најнизок раст на базичната инфлација (која ги исклучува цените на енергентите и храната) во последните две години. Се гледа ли крајот на високата инфлација или зимата допрва доаѓа?