text size
Во земјите членки на ЕУ во 2020 година се регистрирани вкупно 47.252 самоубиства, што претставува намалување за 13,5 отсто во споредба со 2011 година, кога имало 54.623 случаи на самоубиства, соопшти денеска Европската статистичка служба - Евростат по повод Светскиот ден за превенција од самоубиства - 10 септември.