text size
Финансиски кризи, војни, рекордна инфлација се само дел од стресовите што се случија во изминативе години, а се чини дека различните видови кризи се надоврзуваат една на друга и дека светот не може да исплива од вителот кој влече надолу. Македонија не е имуна на негативните влијанија од надвор, а најнова закана за домашната економија се рецесивните текови во Германија, која е наш најголем трговски партнер и една од ретките земји со кои имаме суфицит во трговската размена.