text size
Македонија е на 76-то место од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува „Транспаренси интернешнел“. Во споредба со извештајот за 2022 година, Македонија бележи скок од девет места, но ако се гледаат освоените поени, има само два плус во споредба со една година претходно. Измените во Кривичниот законик се наведуваат како главна забелешка за слабиот напредок на земјата во борбата против корупцијата.