text size
Помина првата недела откако новата Влада ја презеде одговорноста за земјава. Новиот премиер и министрите стартот го означија со промоција на нова инвестиција вредна половина милијарда долари од областа на енергетиката. „Алказар енерџи“, независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи, ќе гради ветропарк во источна Македонија, кој ќе снабдува со струја 100.000 домаќинства, што е крупен чекор кон крајната цел - земјава да биде енергетски независна.