text size
Какви се најновите трендови во металната индустрија во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, откриваме како се менува структурата на македонската надворешна трговија.
Анализираме какви меѓусебни врски има бизнис-секторот во Македонија и во Грција, каква е туристичката соработка и дали има простор за понатамошен развој на деловните односи. Истражуваме кои се пет најизвезувани и најувезувани производи во земјите од регионот Адрија.
Прашуваме колку чини водата во различни делови од Македонија, дали ја има во доволни количини и дали во иднина може да се јави недостиг. Откриваме какви промени во градежништвото предвидува воведувањето на таканаречените еврокодови.
Истражуваме кој продава лажни охридски бисери, какви се македонски брендови се злоупотребуваат и колку е развиен црниот пазар.